Балкан

Генчовска поднесе оставка

Генчовска поднесе оставка

Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска поднесе оставка до премиерот, соопшти бугарското МНР.

Причината за неговата оставка е поврзана со одлуката на „Има таков народ“ (ИТН) да ги повлече своите министри од владата, се вели во соопштението.

Претходно денеска оставка поднесе и министерот за енергетика Александар Николов, исто така од квотата на ИТН.

Претходните денови оставки поднесоа и другите двајца министри на ИТН – регионалниот Гроздан Караџов и спортскиот Радостин Василев.

Се уште не е јасно кога ќе бидат изгласани во парламентот, дотогаш ќе ги извршуваат своите функции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни