Најмалку десет лица се повредени денеска во пожар во фабрика за козметика во градот Дијарбекир (југоисточна Турција), јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Пожарот избувнал денеска во 14 часот. Се уште не се познати причините за несреќата.
Во областа се испратени многу противпожарни возила, екипи на владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) и возила на брза помош.
Во моментов пожарникарите работат на гаснење на пожарот.
Десет работници во фабриката кои беа повредени се примени во различни болници.