Македонија

Авионот со Заев не може да слета во Скопје поради снежната бура, пренасочен кон Софија

Авионот во кој се наоѓа Премиерот Зоран Заев, раќајќи се од самитот во Давос, вечерва не можеше да слета во Скопје поради снежната бура која ја зафати Македонија.

Како што дознаваме, авионот е пренасочен кон Софија каде треба да слета, а потоа со автомобил да продолжи кон Скопје, каде во тек е состанокот на кој треба да се одлучи дали СДСМ ќе прифати предвремени парламентарни избори.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни