По сторијата на ТВ21, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села свика прес конференција, токму за учениците Албанци од Велес. Побара решение за проблемот во општина Чашка, и да им се овозможи на учениците да учат на мајчин јазик, бидејќи како што вели, тоа им е уставно загарантирано право.
Села побара од министерот за образование, Арбр Адеми, да поднесе оставка од морални причини.
„По оваа сторија и вест, министерот за образование треба да поднесе оставка што поскоро. Бараме од институциите да направиме подлабока анализа, во врска со сите деца од сите населени места кои немаат можност да го остварат своето уставно право да учат на свој мајчин јазик, иако тоа им го гарантира Уставот“, вели Претседателот на Алијанса за Албанците – Зијадин Села.
И пратеникот на Движење Беса, Фадиљ Зендели рече дека владата треба да се срами што децата Албанци во Велес не можат да следат настава на мајчин јазик.
„Ова е ситуација која загрижува. Верувам дека Владата треба да се загрижи дури и да се засрами што во Република Македонија во конкретниов случај, децата Албанци во училиште не можат да учат на својот мајчин јазик“, вели Фадиљ Зендели – пратеник на движењето Беса.
ТВ21 побара одговор од министерот за образование Арбр Адеми, но за жал не добивме. Го прашавме и за барањето на Зијадин Села за оставка, но ниту за тоа Адеми не коментираше.
Министерот е на службен пат во Лондон, а од неговиот кабинет велат дека се враќа во понеделник.
РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ