Свет

Грипот„коси“ на Балканот, бројот на починати се зголемува

За една недела починаа 20 лица, со што вкупниот број се искачил на 29, според податоците на Заводот за јавно здравје во Хрватска. Докторот Фран Михалјевиќ од инфективната нега изјавил за хрватски „Дневник“ дека епидемијата е на врвот, а повеќе нема вакцини. Во изминативе 24 часа во Република Српска се регистрирани уште три нови смртни случаи на лица заболени од грип, со што вкупниот број на починати од оваа респираторна инфекција сезонава се зголеми на седум. Како што јави ФЕНА, едно средовечно лице, позитивно на вирусот на грипот А(Х1)пдм09, починало на Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука, како последица на тешка акутна респираторна инфекција. Уште по еден смртен случај на заболени од истиот тип на вирусот на грип се регистрирани во болниците во Добој и Требиње.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни