Свет

Помпео: Водачите на Грција покажаа визија, храброст и упорност во нивните напори да се реши спорот за името

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ја подрави одлуката на Парламентот на Грција да го ратификува Договорот од Преспа.

– САД ја поздравуваат одлуката на грчкиот Парламент за ратификување на Преспанскиот договор. Водачите на Грција покажаа визија, храброст и упорност во нивните напори да се реши спорот за името што ќе и дозволи на идната Република Северна Македонија да го заземе местото во НАТО и во ЕУ кое и припаѓа. САД ја поздравуваат оваа историска можност за
подобрување на стабилноста, безбедноста и просперитетот низ регионот, пишува во соопштението од секретарот Помпео.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни