Свет

Русите објавија снимки од заробените Американци

Русите објавија снимки од заробените Американци

Руските медиуми објавија снимка на која, како што наведоа, двајца Американци се заробени во Украина.

RT објави кратка видео снимка од разговор со маж кој го идентификуваа како Александар Друек.

„Жив сум и се надевам дека ќе се вратам што е можно поскоро, те сакам“, рече Друке на снимката.

Друг руски дописник објави две снимки од двајца заробени Американци, 39-годишниот Александар Друек и 27-годишниот Енди Хујн.

Двајца американски воени ветерани исчезнаа минатата недела во Харков кога беа под руски оган.

Американскиот претседател Џо Бајден попладнево изјави дека е свесен за ситуацијата, но не знае каде се двајцата Американци.

Покрај споменатите двајца Американци, Русите наводно фатиле уште еден американски државјанин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни