Балкан

Убиен познат член на шкаљарскиот клан: Ликвидиран во кафуле, полицијата го блокира градот

Убиен познат член на шкаљарскиот клан: Ликвидиран во кафуле, полицијата го блокира градот

Еден од високите членови на кланот Шкаљарскиот клан, Милиќ Миња Шаковиќ е убиен околу 23.40 часот во Будва, потврдено е за „Вијести“.

Според неофицијални информации тој бил ликвидиран во будванското кафуле „Корковадо“.

Еден од изворите рекол дека маж кој седел на масата до неговата, кој не бил маскиран, пукал во Шаковиќ. Очигледно, тој само станал и испукал неколку куршуми во него.

Друг извор наведува дека Шаковиќ седел на маса во првиот ред и дека неговиот грб бил свртен кон шеталиштето кога маж со бела кошула и капа му пришол и испукал неколку куршуми кон него. Настанала конфузија, која убиецот ја искористил и побегнал во близина на хотелот „Могрен“.

Според изворот, полицијата пронашла кошула и капа.

Полицијата ја блокираше пешачката зона на Стариот град.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни