Македонија

Три лица повредени, автомобил удрил во билборд на бензинска

Во Радовиш на булевар „Александар Македонски“, после полноќ, 32-годишниот Н.А. од Радовиш, управувајќи патничко моторно возило “Мердецес“ со швајцарски национални ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, по што удрил во билборд на бензинска пумпа.

Со повреди се здобиле Н.А. и сопатниците И.И.(32) од Радовиш и Т.Б.(22) од село Ораовица, кои биле пренесени во Клиничка болница Штип.

Извршен е увид на местото на настанот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни