По средбата со владината коалиција, премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција посочи дека следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин, односно во 2024 година.
„Предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните туку ќе ги продлабочат затоа го затвораме ова прашање. следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024“, порача Ковачевски.