Не застануваме тука, со економски перспективи, со траен мир, безбедност и стабилност очекуваме и домашни и странски инвестиции, рече денеска од Велес премиерот Зоран Заев, кој потенцираше дека во државата ќе има многу странски инвестиции да повеќе словодни работни места и голема плата во приватниот сектор за секој работник.
„Со инвестициите се отвараат работни места, во последната година имаме 16 странски инвестиции се отвара понуда за нови слободни работни места. Колку ќе биде поголема побарувачката толку ќе растат и платите во Македонија. Имаме компании во Македонија кои даваат 30.000 денари плата на своите работници со средно образование, а во администација даваат до 300 евра плата. Тоа ќе предизвика покачување на платите, но треба да работиме. Затоа во Македонија многу ќе се инвестира, рече премиерот Заев на денешната трибина во Велес „Силна економија-шанса за сите“.