Македонија

Пратеник од СДСМ нервозен и разочаран од поскапувањето – Стојановска: Му давате на народот да касне риба, а не може да ја лови

Пратеник од СДСМ нервозен и разочаран од поскапувањето – Стојановска: Му давате на народот да касне риба, а не може да ја лови

Пратениците продолжија да расправаат на комисијата за финансирање и буџет за ребалансот на буџетот. Остри коментари по однос на пензиите и нивното покачување. Согласно деловниот пратениците во комисијата расправаат 10 дена, а потоа 5 дена на пленарна седница.

„Министерот кажа дека за 50% покачување на пензиите, а не кажувате, односно и не треба пензионерите да потсетите колку десетици илјади денари им скративте додека се сетивте да им покачите и сега што ќе им покачите она што им го скративте? Па се пофаливте со законот кој го донесовте, швајцарски модел, ма каков швајцарски модел, швајцарско сирење, дупки на секој чекор. Ќе ги лажете пензионерите па тие барем се сигурно повозрасни од нас тие добро знаат колку им е намалена пензијата за да сега вие им ја зголемите. Никој не смета колку со вашите покачени пензии за 50% на куково лето ќе се случи тоа, а не кажувате дека со тоа досега сте им го скратиле, ете толку од вашите ветувања. Му давате на народот да касне троа рипче, а не да може да си лови, не да може да се вработи. Не да може сам да си зготви па да избере која риба ќе ја јаде. Морам вака да се изразувам и јавна администрација…Ајде…Ве молам, по полека, потивко потивко… Морав малку да живнам за тоа што за ребалансот сте многу тивки, па морав да ве живнам“, истакна Дафина Стојановска.

Пратеник од СДСМ пак нервозен и разочаран од поскапувањето.

„Кажува дека се е поскапено, знам дека е поскапено и кажувам зошто е поскапено и што прави државата во однос на таа проблематика. Сабајле бев во маркет, значи млекото беше 37 денари, па беше 52, сега кога се замрзнаа цените купив млеко 3,2% масленост 50 денари е. Многу е повеќе од 37 кога беше пред шест месеци, јавно кажувам. Секој ден одам во продавница, комуницирам со граѓани и да кажувам дека сите сме и на некој начин нервозни и разочарани и кажувам во репликата дека овие прогресии кои се негативни како отворена економија не зависат само од нас“, вели Диме Велковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни