Вечерва зградата на Владата свети во сина боја во чест на Светскиот ден на бегалците. Денот го одбележуваме не само како сеќавање на сите оние луѓе кои биле принудени поради војни, страв од прогон, насилство или конфликти да ги напуштат своите домови, туку и како поддршка на сите оние кои и денес се соочуваат со овие проблеми.
Годинешното мото „Секој секаде, секогаш има право да бара сигурност“ е пораката која одекнува силно и нѐ мотивира во поддршката на сите оние бегалци кои се во потрага по безбедност и сигурност.