Свет

Цената на нафтата повторно порасна

Цената на нафтата на светските берзи денеска порасна за 1 процент и ги надомести благите загуби во последните денови, фокусирајќи се на проблемите со понудата на сурова нафта и нашите нафтени деривати и отстапувајќи од очекуваната рецесија која би ја намалила побарувачката, објави Ројтерс.

Фјучерсите на Брент од Северното Море, референца за Европа , со испорака во август пораснаа за 1,32 долари или 1,2 отсто на 115,45 долари за барел. Минатата недела цената падна за 7,3 отсто.

Американската лесна нафта поскапе за 1,95 долари 1,8 отсто на 111,51 долари за барел , откако во четвртокот загуби 0,5 отсто. Падот минатата недела достигна 9,2 отсто.

Несигурноста во испораките доминираше на пазарите откако Западот воведе ембарго на руската нафта , иако тоа сè уште не стапи на сила. Набљудувачите со интерес гледаат дали и за колку ќе падне руското производство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни