Случај со ученичка кај која биле забележани видливи повреди бил пријавен во Велес, откако стручната служба во основно училиште го известила Центарот за социјални работи.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во СВР Велес бил добиен допис од Центарот за социјални работи, по известување од училиштето. По забележаните повреди, на детето му бил извршен лекарски преглед.
Во врска со случајот, полициски службеници извршиле службен разговор со 57-годишна жена од Велес, која е законски старател на детето.
За настанот бил известен и јавен обвинител. Од МВР посочуваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.