Свет

Австрија повторно ја активира електраната на јаглен

Австрија повторно ја активира електраната на јаглен

Бидејќи Русија со денови и доставува помали количини гас на Австрија, канцеларот Карл Нехамер одржа кризен состанок со членовите на неговата влада и експерти, на кој беше одлучено повторно да се активира старата електрана на јаглен Мелах.

Електраната Мелах беше затворена во пролетта 2020 година по 34 години работа, пренесува Танјуг.

Според одлуката од состанокот, на кој присуствуваа и министерот за економија Мартин Кочер и енергетиката Леоноре Гевеслер, тој повторно ќе се активира во случај на прекин на испораката на гас од Русија.

Донесена е одлука и за набавка на потребниот јаглен.

Електраната Мелах, која се наоѓа јужно од Грац, е последната електрана на јаглен во Австрија.

Нејзиното реактивирање, како што беше посочено, трае неколку месеци.

Австриската влада претходно одлучи складиштето за гас да биде исполнето 80 отсто пред почетокот на грејната сезона, која трае од октомври до март.

Складирање на гас

Сегашната пополнетост на складиштето за гас е само 40,9 отсто, а се зголемува и покрај намалените испораки, бидејќи е намалена потрошувачката на гас.

Пред неколку недели, австриската влада стави на располагање до 6,6 милијарди евра за купување на стратешки резерви на гас во износ од 20 терават часови, од кои најмалку 7,4 терават часови мора да бидат од неруски извор.

Неодамна усвоениот закон за диверзификација на гас поттикнува купување на неруски гас до 100 милиони евра.

Домашната индустрија доби можност сама да набавува гас.

Дополнително, обезбедена е финансиска поддршка за индустриските компании за замена на гасот со други извори на енергија.

За да се искористи комплетната структура за складирање, воспоставено е правилото „победи или изгуби“, па на сите што имаат магацини им се наредува да ги пополнат или да ги направат тие капацитети достапни на другите.

Бидејќи Русија значително ги намали испораките, преземени се мерки за постигнување на оваа цел и обезбедување на енергетската безбедност на земјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни