Македонија

„Наместо точак купивме инхалатор“, протест во Скопје против аерозагадувањето

20 години никој нема слух за подобра средина и затоа е се полошо и полошо – истакнаа организаторите на денешниот протест против загадувањето. Мора да се изнајде начин против тешката индустрија и урбаната мафија кои ги посочуваат за главни виновници. За Кристијан токму загадениот воздух бил причина да замине од државава.

„Почнувајќи од ситната боранија автомобилите, урбаната мафија до најголемите фабрики. Против една од нив имаме правено и протести, тоа е фабриката Железара , 7 месеци се обидувавме , немаше фидбек, успеавме барем филтри да ставиме , откако престана притисокот си продолжи по старо“, изјави Кристијан Узунов.

И додека , ресорното министерство ги лоцира загадувачите, граѓаните сами се нудат , да помогнат во наоѓање на загадувачите , бидејќи тие многу добро ги знаат .

„Они работат на случајот. Се уште ги лоцираат главните загадувачи, ако сакаат можеме за рака да ги фатиме и да ги однесеме.ако имаме време  вака да се глупираме по ладново и тоа ќе го наптрваиме , ако стварно не знаат кои се големите загадувачи и кој придонесува можеме да им покажеме, ако не нека се фатат за работа, а не тендерчињата да им бидат побитни од здравјето на овие деца“, велат од протестот.

Маските кои им биле ветени не ги добиле негодуваат граѓаните и за тоа што на надлежните им треба време за да превземат мерки за нешто што го засега здравјето, а кога се работи за политички ситуации ги решаваат итно. Едногласни се дека не помагаат ниту маските, ниту прочистувачите, бидејќи загадениот воздуг е насекаде и неизбежен.

Протестниот марш започна пред Собрание и заврши пред Влада. Организатор на протестот беше граѓанската иницијатива „Канцерогено општество“, која побара власта да не ги прекинува краткорочните мерки како што е бесплатниот превоз и да ги вклучи граѓаните, невладините организации и експертите во наоѓање долгорочно решение за загадувањето.

РЕПОРТЕР: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни