Ивана Атанасовска денеска отпатува за Русија каде треба да и биде извршена операција на очите поради 95% оштетување на видот. Потребните 15 000 евра се собрани по објавата на ТВ21 . Операцијата ќе ја извршени 72-годишниот д-р Енс Молдашев , пензиониран хирург, во државната болница во градот Уфа, Центар за очна и платична хирургија. Ова е првата болница каде што им е кажано на родителите дека има надеж на Ивана да и се врати видот, за разлика од останатите очни клиники од кои добивале негативен одговор.
„Секаде каде што бевме низ сите држави и во Македонија и каде ми кажаа дека никогаш нема да гледам, јас плачев малку, ама не, јас сум храбра и едвај чекам да дојде денот кога ќе се разбудам со светлина“, изјави Ивана Атанасовска.