Румен Радев и Бојко Борисов утрово во изјави за медиумите потврдија дека Бугарија е задоволна со францускиот предлог и дека тие ќе го поддржат.
По ова на социјалните мрежи се јави поранешниот пратеник Илија Димовски кој напиша:
„Веќе работат е чиста…За да се стопира овој предлог, кој ќе значи затворање на европската перспектива на Македонија и отварање на нови негации на македонската нација, јазик и достоинство, единствено нашите државни органи може да постапат…Владата, итно, денес, да го одбие предлогот како недостоинствен и штетен за европската перспектива на Република Македонија…Доколку Владата превземала обврски спрема меѓународните партнери и не е во можност да го направи тоа, веднаш, без одлагање да побара Собранието да се произнесе и да го одбие овој предлог…Доколку државните органи на Македонија не го направат тоа, веќе и формално ќе е јасно дека нашата држава се согласила на идната национална и државна катастрофа….П.С. Доста со лажните изговори дека немаат предлог, не го знаат или дека не биле вклучени…“, пишува Димовски.