Балкан

Огромен шумски пожар во Мармарис – над 360 пожарникари го гаснат пожарот

Огромен шумски пожар во Мармарис – над 360 пожарникари го гаснат пожарот

Огромен шумски пожар избувна во вторникот вечерта во Мармарис. Според официјални лица од Министерството за земјоделство и шумарство на Турција, околу 1.600 луѓе се борат со пламените јазици во заливот Амазон во областа Бордјубет, пренесе БГНЕС.

Вкупно 363 автомобили и 39 градежни машини се испратени на подрачјето на пожарот, каде што во текот на ноќта се интервенирало на копно. Во активностите учествуваа 1500 работници и во текот на ноќта на копно пожарот беше локализиран. Во зори во гаснењето на пожарот учествуваа и 20 хеликоптери и 14 авиони.

Министерот за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу ја прегледаа областа со хеликоптер. Причината за катастрофата се уште не е утврдена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни