Македонија

Нов снег – стари проблеми, жители на село Јеловање на своја иницијатива ги чистат улиците

Јануарскиот снег повторно ги изненади институциите во земјава. Со најголеми тешкотии се соочуваат планинските села. Во едно видео кое беше споделено на Фејсбук се забележува како жителите од село Јеловање се мачат на своја иницијатива да ги исчистат улиците од снегот.

Истото се случува и во Коњари. Жителите кои ги контактиравме рекоа дека заедно со општината ги чистат селските улици.

Од АМСМ велат дека не сите патишта о земјава се исчистени и затоа им советуваат на возачите внимателно возење и користење на зимска опрема.

Од ЈП Комунална Хигиена известија дека интензивно се работи за чистење на тротоарите и улиците во општините и центарот на Скопје.

Од 13 часот и 5 минути се повлекува забраната за сообраќање на тешки транспортни возила на делницата Маврово – Дебар, информираат од АМСМ.

Од таму исто така информираат дека од 13 часот и 15 минути укината е забраната за сообраќање на тешки транспортни возила на делницата Дебар – Струга. Времето во Македонија и во наредните денови ќе биде облачно и со врнежи од снег, а во југоисточните делови ќе  врне дожд.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни