Македонија

„Доста трпевме монопол“ – Сопствениците на деловен простор во ГТЦ одржаа протест пред Владата

Сопствениците на деловен простор во ГТЦ денеска одржаа протест пред Владата, на кој побараа итно решавање на бројните проблеми во трговскиот и примена на законската регулатива.

Тие велат дека веќе подолго време алармираат на недомаќинското управување на АД ГТЦ, како што велат, на штета на нивниот имот и на имотот во сопственост на државата.

Се бараат и директни договори за снабдување со лиценциран снабдувач на електрична енергија, заедничко управување од сите сопственици на деловен простор во ГТЦ, договори за парно греење со лиценциран снабдувач, климатизација и греење контролирано од органот за заедничко управување во ГТЦ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни