Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Собранието се сретнаа со претставници на ССМ.
„Го прифативме повикот за средба со ССМ и излеговме пред Собранието. Ние како пратеничка група го поднесовме амандманот на ССМ со кој требаше во предлог ребалансот на Буџетот за 2022 година да се обезбедат средства за линеарно покачување на платата на јавната администрација за 2806 денари но за жал, мнозинството го одби. Не може народните претставници да бегаат од работникот и синдикатите. Доста е со лажни ветувања“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие бараат веднаш да се реализираат дадените ветувања, и уште еднаш го повикаа мнозинството да го преиспита својот став и да го поддржи комисискиот амандман.