Раководството на СДСМ не донесе некоја конкретна одлука во врска со предвремените парламентарни избори за кои ВМРО-ДПМНЕ бара да се одржат заедно со претседателските. По синоќешниот состанок, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски ја информираше јавноста за предвремени парламентарни избори ќе донесе следната недела.
Веднаш следеше реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За одложувањето на одлуката за тоа дали ќе има или не предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ рече дека СДСМ се плаши од народот.
„СДСМ се плаши. Знаат дека народот нема намера да го трпи криминалот и нивната неспособност и затоа бегаат од одлука за закажување на предвремени парламентарни избори.“ – ВМРО-ДПМНЕ
Од таму додаваат дека распарчувањето и хаосот во државата не смеат да продолжат. Ден пред тоа, во Клик Плус, потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска рече дека треба да се внимава по прашањето за цензусот на претседателските избори.
Но, внатре партиски извори од најголемата партија во земјава, СДСМ, велат дека со предвремени парламентарни избори, мнозинството ризикува да изгуби две третини од гласовите, со самиот факт дека во Собранието ќе дојдат нови пратеници од опозицијата.
Освен меѓу двете најголеми партии во земјава, препукувања за предвремени парламентарни избори има и во албанскиот политики кампус. Од ДУИ пред еден ден рекоа дека е време за спроведување на реформите а не за нови избори. За разлика од ДУИ, избори побара Алијанса за Албанците. Според нив, Владата не го исполнила главното ветување, “Правда за сите“.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ