Breaking Бендот „Тотсакан“ загуби 3 члена во пожарот во клубот во Бангкок
Македонија

ЕУ прифати дел од билатералните барања на Бугарија да стојат во преговарачката рамка – „тоа е нормално“

ЕУ прифати дел од билатералните барања на Бугарија да стојат во преговарачката рамка – „тоа е нормално“

Европската Унија прифати дел од билатералните барања на Бугарија да стојат во преговарачката рамка и смета дека тоа е нормално.

Во пресрет на состанок на лидерите на ЕУ и Западниот Балкан, кој ќе се одржи утре, дипломатите од земјите членки и од Советот интензивно ги брифираат новинарите денеска за прашањата што „ќе бидат на маса” на средбата, како визниот режим за Косово, кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина, но доминираат оние поврзани си стартот на преговорите со Северна Македонија, блокиран од Бугарија, што ја држи во заложништво и Албанија.

Висок дипломатски извор во ЕУ добро запознаен со преговарачката рамка и францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, денеска за МИА потврди дека билатералните прашања се дел од рамката и дека тоа е „нормално”.

– Билатералните прашања се дел од процесот на проширување.

Запрашан дали е нормално да се создава преседан со Северна Македонија преку вклучувањето на билатерални барања на земја членка на ЕУ, дипломатот објасни дека „овој ризик постои”.

– Овој ризик постои и тоа некогаш е поважно од реформите. Тоа е дел од правилата, инаку не можеме да имаме хармонични односи. Предлогот кој е на маса се чини дека е тој околу кој може да се најде договор, никој не е задоволен ниту во Скопје, ниту во Софија, рече тој, додавајќи дека тоа за ЕУ е знак дека договорот е добар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни