Македонија

Ахмети: Ако се вклучени нашите барања за отстранување на ветото ќе има решение до крајот на јуни

Ахмети: Ако се вклучени нашите барања за отстранување на ветото ќе има решение до крајот на јуни

Весникот Лајм“ ги пренесува ставовите на претседателот на ДУИ Али Ахмети, кои тој ги изнесе за косовската ТВ 7:

„Имаме добри контакти со претставниците на меѓународната заедница. Побаравме олеснување, тоа ни го понудија францускиот претседател Макрон и други држави. Не сме далеку од решението. Тоа е нацрт-договор, кој Макрон го состави откако ги ислуша страните.

Треба да се усогласат страните, кои имаат меѓу себе отворен спор. Откако ќе се произнесат членки на ЕУ и ние ќе го разгледаме тој нацрт, ако се вклучени нашите барања за отстранување на ветото кон крајот на јуни ќе има решение“ – рече Ахмети, изрази надеж дека ќе има епилог.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни