Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски преку друштвените мрежи се пофали дека покачена е просечната плата.
„Остануваме посветени на покачување на платите со цел подобрување на стандардот на граѓаните. Просечната нето плата споредбено со април минатата година ја зголемивме за 3.087 денари, односно за 10,9%. И покрај сите предизвици со кои се соочуваме, платите и пензиите ќе продолжат да растат“, пишува Ковачевски.
Тој додава дека грижата за граѓаните е врвен приоритет.
„Грижата за граѓаните, пензионерите, ранливите категории на граѓани е наш врвен приоритет. Парите од буџетот ги пренасочуваме таму каде се најпотребни, кон нашите граѓани“, додава Ковачевски.