За мене беше чест да водам влада која ја соборија Пеевски, Борисов, Трифонов и Митрофанова. Ова го изјави премиерот Кирил Петков откако изгласаа недоверба со гласовите на 123 пратеници.
„Ова гласање е само мал чекор во многу долг пат. Она што не го разбраа е дека не можат да го придобијат бугарскиот народ. Ветуваме дека ќе продолжиме да ја враќаме нашата земја во оваа битка. И еден ден ќе ја имаме Бугарија без бекстејџ, без мафија, нормална, успешна европска земја. Благодарам!“, истакна Петков.