Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Литванија, Линас Линкевичиус, во официјална посета на Македонија

На покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре во официјална возвратна посета на Република Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија, Линас Линкевичиус. Покрај средбата со својот домаќин, литванскиот МНР ќе се сретне и со државниот врв на Република Македонија, како и со повеќе пратеници во македонското Собрание.

На агендата на разговорите на двајцата министри ќе се најдат прашањата за динамиката и развојот на македонско – литванските билатерални односи, секторската соработка, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план, како и за литванската поддршка на процесот на интеграција на РМ во ЕУ и НАТО. Исто така, шефовите на двете дипломатии ќе разменат мислења и за повеќе актуелни прашања од регионални и меѓународни рамки.

Воедно, двајцата министри ќе имаат свое обраќање и на панел-дискусијата „Заеднички цели: стабилност на Балканот, безбедност на Балтикот”, што во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции, со поддршка на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, ќе се одржи во амфитеатарот на МНР.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни