Македонија

ССМ на штрајк пред Министерството за финансии – поставено едно столче

ССМ на штрајк пред Министерството за финансии – поставено едно столче

Трет ден штрајк на Сојузот на синдикати на Македонија.

Тие денеска поставија едно столче пред Министерството за финансии.

Се бара линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор.

Штрајкот се одвива секој ден од 10 до 11 часот, така што вработените во јавниот сектор во тој период го прекинуваат работниот процес и излегуваат надвор, а само десет проценти од нив работат онаму каде што е потребно за итни случаи.

Од Синдикатот се задоволни од текот на штрајкот кој најавија дека ќе трае се до исполнување на барањата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни