Македонија

Царовска: Скандалозна неправда, на 12 илјади лица воопшто придонесите не им биле префрлани кон вториот столб

„По направената анализа на пензискиот систем заедно со меѓународните финансиски институции се утврди скандалозна неправда што се однесува на 12 илјади осигуреници или идни пензионери. На овие 12 илјади лица воопшто придонесите не им биле префрлани кон вториот столб иако работодавачот го уплаќал придонесот. Финансиските средства останувале во пензискиот систем во првиот столб. Секој од овие граѓани со просечна плата меѓу 2007 и 2018 година изгубил околу 400 илјади денари“ изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Царовска објасни дека по утврдената состојба со пакетот законски измени кои ги понудило МТСП за стабилизација на пензискиот систем, се создала можност на овие граѓани да им се вратат средствата или да се обештетат.

-Обезбедивме 19 милиони евра во 2019 година со цел, не само да се втратат придонесите кои не им биле префрлани во вториот столб, туку и приносот што требало да ја остварат во изминатиот период, рече министерката.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни