Шефот на дипломатијата Бујар Османи вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 откри дека најблиските соработници на францускиот претседател Емануел Макрон дошле во Скопје и Софија со цел да се изнајде решение.
„Најблиските соработници на претседателот Макрон, во услови помеѓу два изборни циклуса, доаѓаа Скопје, Софија контактираа со нас на дневна основа. Решивме голем дел од прашањата за рамката. Остана едно единствено прашање во рамката кое не можеше да се усогласи, тоа е прашањето на протоколот во рамката“, вели Османи.
Тој додава дека тоа за нас не било прифатливо, но Бугарија инсистирала.