Македонија

Османи: На патот кон ЕУ не треба во фокус да бидат билатерално-историските прашања

Османи: На патот кон ЕУ не треба во фокус да бидат билатерално-историските прашања

Шефот на дипломатијата Бујар Османи смета дека на патот кон Европската Унија не треба во фокусот да бидат билатерално – историските прашања.

Ова тој го посочи во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

„Ние сметаме дека не треба фокусот да се стави на тие билатерални – историски интерпретации во кои што ние сме влегле преку историската комисија, во еден сосема друг процес, да бидат прашања кои што го одредуваат патот кон Европската Унија“, вели Османи.

Според него, европскиот пат треба да биде за европеизација.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни