Македонија

Штипјанец физички ги нападнал сопругата и таткото

Во Полициска станица Штип Д.Д.(46) од Штип пријавил дека околу 03,30 часот на улица “Панко Брашнаров” во Штип настанала расправија помеѓу неговиот син С.Д.(26) и неговата сопруга Р.Д.(34) по што С.Д. физички ја нападнал Р.Д. При обидот пријавителот да ги раздели, С.Д. физички го нападнал и него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни