Нови девет случаи на морбили, шест од нив се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а останатите тројца се со амбулантски третман. Епидемијата се шири низ повеќе градови во државата и бројот на пациенти се зголемува велат од Клиниката.
Во моментов, на клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби има вкупно 24 пациенти со морбили.
Здравствените власти апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина, која како што тврдат е висококвалитетна и ефективна, а производена во Белгија.
Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење, соопштуваат од Министерството за здравство.