Македонија

ВИДЕО: Скопје блокирано од ССМ – возачите нервозни

ВИДЕО: Скопје блокирано од ССМ  – возачите нервозни

Од рано утрово влезот на Скопје е блокиран од ССМ. Кај раскрсницата во Автокоманда поставени се и шатори на самиот булевар.

Ова следува откако нивните барања не беа исполнети за покачување на платите и усогласување за 2806 денари.

„Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека сите работодавачи треба да ги следат примерите од локално ниво каде што штрајкот е со успех и работниците го добиваат заслуженото и одработеното усогласување на платите за 2806 денари што е едно од главните барања и главна причина за штрајкот“, велат од ССМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни