Македонија

Граѓаните не веруваат во судството, 153 пресуди од Македонија во Судот во Стразбур

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, рече дека барањата на граѓаните за правда во Европскиот суд, зборува за тоа колку граѓаните му веруваат на судството во Македонија.

Цаца Николовска вели дека бројот на отворени предмети во Европскиот суд од граѓаните од Македонија, е многу голем. Таа додаде дека доколку се земат предвид конкретните бројки, нивото на владеење на правото во Македонија е се уште на незадоволително ниво.

Инаку, во Европскиот суд, од  неговото основање, од Македонија стигнале 153 случаи, од кои во вкупно 136 случаи е потврдено дека се прекршени човековите права. Само во текот на 2018 година, во Европскиот суд во Стразбур, за човекови права, се примени 36 случаи, а за 15 од нив имало пресуда.

Репортер: Арменд Гаши

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни