Балкан

Кирил Петков соопшти кој ќе биде кандидат за премиер

Кирил Петков соопшти кој ќе биде кандидат за премиер

Премиерот во заминување Кирил Петков денеска објави кој ќе биде нов кандидат за премиер.

Тој преку официјално соопштение истакна дека Асен Василев ќе биде кандидат за премиер на „Продолжуваме со промената“ (ПП).

„Тој е човек во кој имам апсолутна доверба, со кого ја започнавме борбата рамо до рамо и со кого ќе ја завршиме рамо до рамо во еден тим. Еден тим со него, со сите членови на ПП, со сите коалициски партнери, со сите истомисленици. Време е да ги засукаме ракавите и да си ја завршиме работата“, изјави Петков.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни