Македонија

Парламентарни избори на секои две години? ДИК подготвена, колку пари ќе потроши државата?

Од 2006 година во Македонија речиси на секои две години  се одржувале предвремени парламентарни избори. Од ДИК велат дека се подготвени за такво нешто и велат дека од финансиски аспект, одржувањето на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските е олеснување за државата. Според нив, ќе се намалат финансиските средства доколку претседателските избори се изберат во сит ден со парламентарните.

Потпретседателот на Собранието, Весељ Мемеди, рече во овој случај главните тези се политички и економски. Фактот на трендот за одржување на предвремени избори на секои две години, тој го гледа како показател на нестабилност, а повикот на ВМРО-ДПМНЕ го нарекува политичка игра. Тој додава дека сега не време за такво нешто, бидејќи владата треба да се концентрира на реформите на патот кон ЕУ.

„Македонија и Владата добро ја започнаа 2019 година, со уставни измени и стапување на сила на законот за албанскиот јазик, ова треба да продолжи и натаму, бидејќи Владата изјави дека оваа година ќе биде година на економијата и економскиот развој. Ако се оди на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, тогаш не можеме да зборуваме воопшто за економски развој во 2019“, изјави Весељ Мемеди, Потпретседател на Собранието.

Инаку, организирањето на претседателските избори според податоците на ДИК, државата ќе ја чини околу 3.5 милиони евра, а во случај да се одржат заедно со предвремени парламентарни избори, државата ќе треба да одвои дополнителни 500 илјади евра.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни