По сончевото време што се очекува утре, во текот на новата седмица следува промена на временските услови, со повеќе облачност и дожд кон нејзиниот крај, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови од земјава.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер.
Според најавите на УХМР, во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и петок се очекуваат врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат поројни и пообилни.