Македонија

Куманово ќе ја добие првата катна гаража

Од март оваа година кумановци ќе ја добијат првата катна гаража од монтажен тип, лоцирана во самиот центар на градот, на паркингот непосредно до малиот градски плоштад и Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Со овој монтажен објект вреден 13 милиони денари без данок на додадена вредност, на простор од околу илјада и двесте метри ќе се добијат 40-ина паркинг места.

Според градоначалникот Димитриевски двојно ќе се зголеми паркинг просторот и ќе се намали метежот. Поставување на овој објект е овозможено со одлука на мнозинството советници во општинскиот Совет.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни