Македонија

Ковачевски: Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог

Ковачевски: Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил посочи дека се појавиле многу лаги и шпекулации врзани за францускиот предлог.

„Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог. Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги.
Нашата стратегија и план даде резултат, имаме нов предлог кој ги штити нашите стратешки и национални интереси. И во предлогот и во преговорите, нема да дозволиме тие да бидат загрозени“, вели Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни