Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на МРТ рече дека многу пати го повикал премиерот Зоран Заев на дуел но никогаш не добил одговор.
„Во неколку наврати во минатото сакав со Заев да отстварам дуел, но како што знае македонската јавност до овој момент не спомна храброст да одговори позитивно на моите повици иако додека беше опозиционер храбро изјавуваше на плоштадите дека повикува на дуели и кога практично ќе биде СДСМ на власт дуелите ќе бидат пракса“.
Мицкоски рече надежно се надева дека следен пат ќе има можност за ова. „Жалам што немав прилика за сите случувања во државата да дебатирам со Премиерот“.