Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, посочи дека побарал од Ковачевски да не го прифати францускиот предлог, а тој да се повлече од барањето за предвремени парламентарни избори.
„Му понудив на Ковачевски да го одбие ова што е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барањето за предвремени парламентарни избори и да ги ставиме сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на кризата која ќе следува оваа зима“, вели Мицкоски.