Учениците Албанци од Велес дојдоа во Скопје заедно со нивните родители да се сретнат со министерот за образование, Арбр Адеми. Имаат само една желба, да учат на својот мајчин јазик. Учениците и родителите се сретнаа и со двајцата градоначалници, на Велес и Чашка. Средбата траеше повеќе од час и половина. По средбата, министерот за образование, Арбр Адеми рече дека наскоро учениците Албанци од општина Велес и Чашка ќе учат на албански јазик.
„Што се однесува до Чашка и општина Велес, се дискутираше за прашањето со учениците од село Стари Град. Се дискутираше за образовно-едукативниот процес на мајчин јазик, на албански јазик, но и во општина Велес, во селото Караслари. Секако дека двајцата градоначалници и жителите од оваа зона изразија подготвеност за што поскоро наоѓање на конечно решение. Да најдеме соодветен наставник и како Министерство за образование и наука ги уверив дека јас им стојам на располагање“, изјави Арбр Адеми, министер за образование.
Градоначалникот на општина Чашка изрази подготвеност учениците Албанци да можат да следат настава на мајчин јазик, нешто што им следува по закон. Гарантираше дека од септември наставата ќе се одвива на албански јазик.
Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, побара од министерот да се обезбедат средства за наставници Албанци.
По средбата, родителите се уште не веруваат дека во нивните села ќе може да се учи на албански јазик. Тие велат дека проблемот не може да се реши само со една албанска паралелка, туку дека во Чашка е потребно основно училиште на албански јазик.
Н – Верувате ли дека ќе се најде решение?
„Малку, да, малку не, бидејќи оваа работа трае долго време, ние ова г баравме и пред 4 години. Не преземаа ништо до сега и бевме запоставени“, – Ружди Усеини, родител на еден од учениците.
Средбата меѓу министерот и градоначалниците следува по прилогот на ТВ21 дека во селата околу Велес, учениците Албанци не учат на мајчин јазик. Министерот им рече на жителите дека во текот на неделата ќе го посети и Велес за да ја види состојбата во училиштата. Министерот Адеми исто така вети реновирање на неколку училишта и изградба на нови училишни објекти за селата Клуковец и Бањица.
РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ