Македонија

Османи: Успехот од Договорот е значаен, оваа година Македонија го очекува датумот за преговори

Вицепремиерот Бујар Османи оствари средба со Министерот за надворешни работи на Република Литванија, Линас Линкевичиус кој е во работна посета на нашата земја.

На средбата тема се предизвиците со кои се соочува нашата земја на патот кон членството во ЕУ, за поддршката од страна на Литванија за нашиот евроинтегративен пат, како и за предизвиците кои ја очекуваат Европската Унија оваа година.

„Успехот на Договорот од Преспа е секако најзначаен за нас, отворајќи го патот за нашето членство во ЕУ и НАТО, но секако претставува и победа на прогресивните европски сили на целиот континент, директно посочувајќи на позитивната моќ на европската идеја“, истакна Османи.

Тој посочи дека по 15 години статус на земја кандидат, оваа година Македонија го очекува датумот за преговори.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни