Македонија

Пад на температурите – УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Пад на температурите – УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од УХМР известиваат дека денес и утре во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме со појава на град.

Утре во северните делови ќе има пад на температурата за околу 3 степени.

И во делови од Скопската Котлина денес и утре во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со град.

Под влијание на нов влажен бран во петок и сабота ќе биде нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 л/м2), значителен пад на температурата (за околу 10 степени), локално во форма на невреме со силни електрични празнења, град и засилен ветер.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни