Почна интерпелацијата на министерот за надворешни работи Никола Димитров по барање на Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Тој побара од пратениците да се изгласа интерпелацијата за Димитров затоа што министерот е штетен за Макдонија нарекувајќи ја „искомплексирана“ нација.
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција ја поднесоа оваа интерпелација за работењето на Димитров, сметаме дека функцијата ја извршува несовесно и спортивно на македонските интереси. Сакам да потенцирам дека Димитров ја навреди македонската нација. Димитров оваа нација ја нарече комплексирана. Тој го наруши угледот и достоинството на народот, целата нација. Неприфатливо е вака да ги навредува граѓаните на државата. Димитров не беше ниту доблесен во врвот на ваквите вредности. Димитров не ги штити и работи спортивно на државните интереси. Откако стапи Димитров на функцијата, Македонија постојано трпи на надворешен план, понижувајќи се пред соседите. Сето ова Димитров сака да го сервира како некаква победа, а прв пораз е штетниот Договор каде главен преговарач е Никола Димитров“, истакна Мицевски.