Македонија

Маричиќ утре на средба со Сарацин

Утре во официјална посета на земјава доаѓа Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Сојузната Влада за земјите од Западен Балкан, кој ќе оствари средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

После средбата на вицепремиерот Маричиќ со Сарацин, на која во фокус на разговорот ќе биде францускиот предлог и  евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и состојбите во регионот, ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија.

После денешната посета на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин ќе биде четври европски функционер, во последните три денови, кој доаѓа во овие клучни и историски момент да даде поддршка на францускиот предлог за почеток на преговорите со Европската Унија и да ги потврди уште еднаш македонските позиции во истиот.

Сарацин е планирано да се сретне и со министерот за надворешни Бујар Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни