11 приведени демонстранти и 47 повредени полициски службеници е епилогот од вечерашните протести пред Собранието кои ескалираа откако помала група млади луѓе почнаа да фрлаат со камења и јајца кон објектот
Од МВР за Прес24 велат дека 47 полицајци се повредени, од кои 11 потешко, а двајца со сериозни повреди.
Штети има на објектите на Владата, Собранието и Министерството за надворешни работи.